РЕВИЗИЈА – „Скопје 2014“: Споменикот на Никола Карев од 5 скокнал на 45 милиони денари


Членовите на Комисијата за ревизија на проектот „Скопје 2014“ кои ги ангажираше Општина Центар утврдиле дека имало голема „разлика“ во сумите кои се давани за реализација на спомениците, а дека се пречекорени првите пресметки за вредноста на еден објект, пишува Нова Македонија.

ptici spomenikВо случајот со споменикот на Никола Карев, пред Собранието, кој е изработен во бронза, во документацијата пишува дека е изработен од мермер и дека чини 45 милиони денари, што било многу над реалната вредност за еден таков споменик во бронза.

– Споменикот на Никола Карев според документацијата и договорот е изведен во бронза. Основниот договор бил дека вреди 5 милиони денари, но подоцна со одлука на градот е донесено ново решение за измена и дополнување на претходното по кое вредноста се зголемува на 45 милиони денари. Образложението е дека овој споменик треба да се изработи во мермер“ – ова е само дел од ревизорскиот извештај на Слаѓана Тасева и Драган Малиновски за проектот Скопје 2014.

Централната власт финансирала најголем дел од спомениците и префрлала пари во општина Центар, а ниту еден закон не го одобрува тоа.  На тој начин дури 58 милиони евра се префрлени за спомениците од проектот „Скопје 2014“, велат од комисијата за ревизија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1