Револтиран од одлуката Чавков штрајкува со глад и одбива да ја прими редовната лекарска терапија


Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој рано утринава повторно беше вратен во притвор, по само еден ден од одлука на Врховниот суд да биде пуштен во куќен притвор, почнал да штрајува со глад. Револтиран од одлуката на Кривичниот суд, Чавков, кој има проблеми со срцето, дури одбивал и да ја прима редовната лекарска терапија.

Неговото семејство во изјава за „Нетпрес“, вели дека е загрижено за неговата здравствена состојба и дека во изминатиот период се под постојани притисоци и закани.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните што се случија на 27 април 2017 година, според член 313 од Кривичниот законик.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, еден од бранителите на обвинетите, рече дека Основниот суд се прави попаметен од Врховниот кога е во прашање повторениот притвор за дел од учесниците во насилниот упад во Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1