Режисерот Кјубрик оставил видео признание: Слетувањето на Месечината е лага, снимката е мое ремек-дело!


Само три дена пред да почина Стенли Кјубрик во март 1999 година режисерот Т. Патрик го интервјуирал,а  сега во текот на интервјуто се обелодени дека слетувањето на Месец била лага.

Светот е во шок по појавувањето на видеоснимката од интервјуто на легендарниот режисер Стенли Кјубрик кој призна дека и помогнал на НАСА да ги сними и лажира сите филмови во кои американски астронаути слетуваат на МесечинатаStenli-Kjubrik-sletanje-na-Mesec-620x350

Американскиот режисер Стенли Кјубрик, во видео интервју направено само неколку дена пред неговата смрт, тврди дека НАСА никогаш не успеала да испрати астроанути на Месечината и дека стите тие снимки се монтирани и се всушност негово ремек-дело.Кјубрик признава дека целата планета во 1969 година, наместо директен пренос од слетувањето на Месечината всушност го гледала неговото дело.

Документарецот кој авторот го снимил на 3 март 1999 година, четири дена пред смртта на режисерот, е објавен дури сега бидеќи имал договор со Кјубрик да не се објавува 15 години откако ќе почине. Овој филм е само најнов аргумент кој љубителите на теориите на заговор ќе го користат во докажување на една од “најголемите измами“ во историјата на човештвото.

– Заговорниците на теориите на заговор се во право во овој случај, вели човекот со брада од снимката за кого поединци тврдат дека не е Кјубрик.

Режисерот раскажува дека целата снимка и слетување се лажирани и фалсификувани за да се исполни “пророштвото“ на претседателот Џон Кенеди дека Американците ќе стигнат пред Русите на Месечината.

– Учествував во голема измама на американската јавност, а во неа беа вмешани американската влада и НАСА. Слетувањето на Месечината е лажирано, сите слетувања се монтирани, а јас сум човекот кој тоа го направи. Се е потполна фикција, вели Кјубрик.

Тој додава дека се гордее на своите филмски остварувања, но и дека чувствува грижа на совест.

– Се чувствував лошо поради тоа, но и се гордеам. Тоа е страшен конфликт. Направив филм кој е мое ремек-дело, но за тоа не смеам да зборува и за него нема да се дозне 15 години по мојата смрт. Ја ги сносам сите последици заради одлуката што ја донесов пред многу години, да го монтирам слетувањето, вели режисерот.

Приказната е дека Кјубрик 16 месеци работел на специјално направена сценографија во Ханствил, Аризона каде го снимале филмот. Во јули 1969 година ракетата “Сатурн5“ во која се Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс е лансирана во орбитата, но во етерот е пуштена снимката на Кјубрик, додека тие кружат се до нивниот спуштање во Пацификот.

Видеозаписот од интервјуто и двочасовниот документарец на ова тема веќе неколку дена е поставен на Интернет, а веќе се појавија и бројни “аналитичари“ кои тврдат дека снимката не е веродостојна и дека на неа не е славниот режисетр туку негов двојник и глумец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1