Рибар се удави во браната Лисиче


Двајца рибари ловеле риба кај браната „Лисиче“ по што едниот скокнал во водата и никогаш повеќе не излегол.

Во средата, во 12.30 часот на браната „Лисиче“ над село Лисиче-Општина Чашка, додека ловеле риба Ѓ.Ј.(58) и Б.И. (52) од село Дреново, во езерото виделе тапа за ловење риба.

Б.И. скокнал во водата за да ја извади, по што потонал и не се појавил на површината. На местото на настанот биле упатени служби од СВР-Велес, а ангажирани биле и припадници на Единицата за специјални задачи за пронаоѓање и вадење на телото.

Во 18.15 часот телото било пронајдено и извадено од езерото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1