Рио Фердинанд зборува за големата загуба на својата сопруга која го остави со три деца


Рио Фердинанд, поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, после долго време искрено прозборе за смртта на својата сопруга и начинот како им ја соопштил веста на своите три деца дека нивната мајка “ќе биде дел од ѕвездите”.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се отворил за смртта на својата сопруга, Ребека Елисон, кој починала пред две години од рак на дојка. Таа починала на 34 – годишна возраст. 38 – годишниот Рио исто така споделил како им ја соопштил веста на своите деца за тоа дека деновите на нивната мајка се одброени.

Рио рекол: “Гледав во моите деца, бев без зборови и незнаев од каде да започнам”. “Тажен сум, се плашам дека имам нешто многу лошо да споделам со вас. На мама повторно ѝ се појави ракот, но овој пат нема да се опорави”.

“Им реков, докторите се обидуваа да ѝ помогнат, но веќе нема што да се направи. Таа беше силна и се трудеше да биде подобро, но многу ми е жал. Сега таа ќе биде уште една ѕвезда на небото – ќе биде меѓу ѕвездите и дух кој секогаш ќе биде на небото и ќе внимава на нас.”

Рио признал дека откако починала неговата сопруга бил склон кон самоубиство и постојано конзумирал алкохол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1