Ристески: На онкологија досега немало олку нови лекови како годинава и претходната


Воведени нови лекови за терапија на шест типови малигни заболувања, што претходно не беа достапни во Македонија.milan-2-640x313

Терапијата за малигни заболувања на бубрег и кожа веќе е воведена и достапна на пациентите, а годинава ќе бидат воведени и лекови за рак на дојка, рак на дебело црево, рак на црн дроб и два лека за рак на бели дробови.

Имено терапијата за рак на кожа, што чини околу 8.000 евра месечно и за рак на бубрег, што чини околу 3.000 евра, а пациентите претходно морале сами да ја набавуваат, сега е достапна и тие ја добиваат бесплатно во рамки на здравственото осигурување.

На оваа тема во информативниот блок на ТВ НОВА зборуваше директорот на онкологија Милан Ристески.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1