Ристовски: Не им давајте пари на децата питачи


Апелирам до граѓаните да престанат да даваат пари на децата на улица затоа што на тој начин дополнително го стимулираат питачењето како процес.

spiro_ristovski_g1Ова го порача министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на децата од улица, кое се одржа под мотото „Не е хумано давање пари на дете што питачи“.

Ристовски додаде дека доколку детето се врати дома со доволен број обезбедени средства со целодневното питачење постои можност повторно да биде пратено на улица, но доколку децата се вратат без пари би се намалил интересот повторно да бидат пуштени на улица.

Граѓаните можат да пријават питачење на СОС бројот 15 505 од каде што по пријавата со полициски службеници, децата ќе бидат префрлани во дневниот цетар каде што им се овозможува да добијат хигиенска поддршка, исхрана и образовен процес. Вакви дневни центри покрај Скопје има во Битола и Охрид, а во фаза на отварање е во Прилеп.

Минатата година над 150 деца поминале низ процесот за ресоцијализација во транзитниот центар, од кој 100 деца веќе се запишани во училиште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1