Ристовски: Нови 78 спортски сали и 140 реконструкции на училишта


Изградба на 78 спорски сали и 140 реконструкции на училишта се дел од програмата на владеачката партија за престојните избори. Спиро Ристовски од тетовско истакна дека партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага со проекти за подобрување на животот во полошкиот регион.spiro

-Со новата програма планираме нови 78 спортски сали, нови 140 реконструкции на училишта на територијата на Република Македонија, а полошкиот регион и понатаму ќе биде еден од приоритетите на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Досега, само во општина Јагуновце изградивме веќе една спортска сала, реконструирана е кровната конструкција на училиштето, а планирана е инвестиција во „Александар Здравковски“. Ние многу конкретно ветуваме, но исто така многу конкретно реализираме, при што потоа отчетно излегуваме пред граѓаните, истакна Ристовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1