Роамингот во ЕУ останува до 2018, но со пониски трошоци


Државите членки на Европската унија не ја укинаа во средата наплатата на роамингот во ЕУ, одложувајќи го ова прашање најрано за 2018 година, но на корисиците на мобилната телефонија сепак ќе им бидат намалени трошоците за роамингот.

Цените на роамингот значително варираат помеѓу различни оператори, а бројни корисници се жалат дека плаќаат огромни цифри на име роаминг кога патуваат во рамки на ЕУ, пренесува Франс прес.Spy-Software-for-Cell-Phones

Европскиот парламент минатата година го одобри планот за укинување на роамингот во Унијата од крајот на 2015 година, но Европскиот совет денеска одлучи предлогот да го врати во Парламентот, наведувајќи дека во меѓувреме треба да се воведат нови ценовни механизми со кои би биле намалени трошоците на роамингот.

Не е прецизирано за колкаво намалување на цената на роамингот би можело да стане збор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1