Робин О’Нил: За мир на Балканот, Македонија веднаш во НАТО


Медијаторот во грчко-македонскиот спор Робин О’Нил смета дека Македонија треба да стане членка на НАТО без натамошно одлагање.

– Силно ја поддржувам иницијативата на поранешниот премиер Никола Груевски за Македонија да стане членка на НАТО без натамошно одлагање. Македонија веќе се има истакнато со рекордна поддршка за операциите на НАТО, дури и без да се биде членка на Алијансата, изјави амбасадорот и медијатор во грчко-македонскиот спор Робин О’Нил за програмата „Гласот на народот“ на Радио Слободна Македонија.

За мир на Балканот, додава О’Нил, Македонија мора веднаш во НАТО. – Со целосното членство во НАТО, Македонија ќе игра важна улога во обезбедувањето на стабилноста на балканскиот регион. Со зачленувањето на Македонија во НАТО ќе отпаднат сите идеи и апетити за големи држави или други сценарија, односно идеи за прекројување на геополитичката мапа на Балканот, вели О’Нил.

Британскиот амбасадор смета дека Македонија сега треба да аплицира за членство во НАТО како ПЈРМ и да не се дозволи какво било попречување од страна на Грција на патот за полноправното членство во Алијансата.

– Се разбира, прашањето за севкупното прифаќање на меѓународното име Република Македонија и натаму останува да се реши, но сега никој не смее да дозволи и да застане на патот на Македонија да стане членка на НАТО под референцата ПЈРМ, изјави амбасадорот и медијатор во грчко-македонскиот спор Робин О’Нил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1