Пред 16 години се родил во Скопје, а веќе следната година заедно со својот татко, тенисерот Андреј Kозлов се преселил на Флорида, САД. Тенисерот Стефан Kозлов е новата американска тениска надеж и во моментов е шести на листата на Меѓународната тениска федерација. Тој с` уште нема возачка дозвола сам да се вози на тренинг. Но, чудото од Пембрук Пајнс веќе е на насловните страници во меѓународните весници и прави да се испотат мажи двапати постари од него.
Деновиве американскиот тенисер со македонско потекло се натпреваруваше во четврт-финалето на „Ролан Гарос“ во категоријата јуниори откако ги победи своите противници во три круга.
Стефан уште на 11-годишна возраст станал најмладиот играч што победил на Тинејџерскиот тениски натпревар во Болтон, Англија. Оттаму дотурка далеку. Kозлов лани стигна и до четврт-финалето во јуниорска конкуренција на „Вимблдон“, како втор најмлад играч на теренот. Годинава дебитира на турнејата организирана од страна на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) како најмлад тенисер кој се натпреварувал во главната конкуренција на настанот. Во јануари стигна во финалето на јуниори на „Австралија опен“. Тој игра на јуниорски настани и на професионални турнири.
Тој вежбал со Роџер Федерер дури четирипати и трипати со Енди Мари во паркот „Kрендон“ во Мајами. Играл и против Рафаел Надал откако неговиот противник се повлекол поради здравствени проблеми.
Dnevnik.mk