Пијана Полјачка минатата недела во својот дом во градот Остров Вјелкополски, во централна Полска, предвреме се породила и родила пијано бебе со 1,7 промили алкохол во крвта.
Жена од Полска (32) се породила во домот целосно пијана и не повикала лекари иако бебето било родено предвреме. Сепак соседите слушнале плач на новороденче и повикале Итна медицинска помош која мајката и бебето веднаш ги пренеле во болница. Во крвта на мајката лекарите измериле 3,5 промили алкохол, а во крвта на бебето 1,7 промили алкохол во крвта.
Веднаш штом се отрезнила малку, мајката на своја одговорност заминала од болницата и од тогаш обвинителството не може да ја најде ниту нејзе, ниту таткото на бебето за да ги сослуша. Не се појавиле ниту во болницата да видат како е нивната ќерка.
Судот ќе одлучи дали ќе и го одземе детето на мајката и ќе го даде на друго семејство, откако лекарите ќе го пуштат бебето од болница. На оваа Полјачка досега судот и одзел два сина поради занемарување и загрозување на децата, едниот сега има 11, а другиот две години.