Родено бебенце зависно од хероин


Бебе родено со знаци дека е зависник од наркотици е згрижено во Институтот за здравствена заштита на деца и млади во Војводина. Бебето веднаш започнало да прима терапија за одвикнување од дрога, поради исклучително лошата состојба. Ова бебе не е единствениот случај, бидејќи минатата година во Нови Сад имало пет вакви бебиња. Бебињата запаѓаат во апстиненцијална криза бидејќи нивните мајки за време на бременоста користеле наркотици.

INKUBATORБебињата во апстиненцијална криза имаат грчеви, многу се емоционални и непрестано плачат. Имаат пореметување во исхраната, потешко дишат, кратко спијат и се будат на неполн час по исхраната, почесто се препотуваат и имаат покачена температура-вели доктор Наташа Сташук, педијатар од Клиничкиот центар на Војводина. Ако родилката последната доза на дрога ја земала во последните судм дена пред породувањето, вели доктор Сташук, тогаш симптомите на апстенцијална криза ќе иде поизразена.

Во тој случај бебињата веднаш се подложени на таблети. Бебињата кои се лекуваат од апстиненцијалната криза ги отпуштаме од породувалиштето 72 часа по земањето на последната доза лек, вели доктор Сташук. Таа објаснува дека родилката зависник не е обврзана да каже дали корисела опијати, но на лекарите им е многу полесно ако тоа го знаат.

Добро е да знаеме за родилката да биде подложена на тестови за ХИВ и хепатит Ц за да знаеме дали може да го дои бебето, вели Сташук.

Психијатарот Небојша Барачков, кој со години работи во Метадонскиот центар со родилки зависници, вели дека растењето на детето чија мајка користи хероин е непредвидливо и проблематично.

Зависник може да падне во стондирана состојба од час, два и во тој случај бебето е директно загрозено бидејќи нема да го добие потребното внимание. Родителите зависници последните пари ги даваат за хероин, а не за потребите на бебето, вели Барачков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1