Родила 2 пара идентични близнаци – четворка (Видео/Фото)


559713_486687901390963_644391514_nЕдна двојка од Тексас, сакајќи на својот син да му подар братче или сестра, успеале да направат четворки – две групи на идентични близнаци, кои биле зачнати во исто време.
Според соопштението на породилната болница на Тексас, во Хјустон, Треса Монтлаво (36), ги родила Аце, Блаин, Пари и Дилан, на денот на Вљубените. Аце и Блаин делеле една плацента, додека Пари и Дилан друга.

„Се обидовме да се држиме до А-B-C-D шемата како што ја нарекуваат. Не очекувавме дека ќе бидеме благословени со четири бебиња, очекувавме само едно“, вели Монтлаво.

ht_mom_twins_tk_130218_wblogНајпрвин со нејзиниот маж Мануел Монталво (43), им било соопштено дека ќе имаат близнаци, но набрзо потоа нивниот доктор открил отчукување на срцето на трет фетус. Тие потоа биле упатени на специјалист по фетална медицина, кај доктор Брајан Киршон, кој пак открил и четврто отчукување на срце.
„Се трудевме да му овозможиме на нашиот син Мемфис, да му подариме братче или сестричка, но бевме прилично изненадени кога ни пренесоа дека ќе имаме два пара близнаци“, изјавила Монталво.

Околу 2% од бременоста резултирала со еден сет на идентични близнаци, кога опледената јајце клетка се дели на два ембриона. Шансите да се има два сета во исто време се прилично тенки“, објаснува доктор Џејмс Грифо, директорот на општиот наталитетен центар.

bebe_620x0

„Шансите се 1:10,000“, изјавил Грифо, по разделувањето на двата ембриони по вештачкото оплодување. „Ова исто така може да се случи во природното зачнување, но можноста за тоа е уште помала“, дополнува тој.
Не биле користени никакви лекови за бременоста.
Ваквите настани можат да резултираат со ризик поради заплеткувањето на папочните врвци и трансфузија синдромот кај двојните близнаци, кои може да резултира со тоа да, едниот близнак добива помалку крв од другите.
„Еден од најголемите ризици е предвременото породување и ограничување на растот“, вели доктор Кимберли Гесци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1