Родители на деца од „Срничка“ бараат да остане воспитувачката која наводно тепала дете


Во врска со случајот со градинката „Срничка“ во Аеродром, во кој се обвинува воспитувачка дека истепала дете, со реакција се јавија и 40-тина родители на деца од групата на истата воспитувачка, како и родители на постари деца кои претходно учеле во истата градинка, кај истата воспитувачка, пишува „Слободен печат“.

Тие потпишале изјава во која изразуваат задоволство од начинот на кој воспитувачката се грижи, односно се грижела за нивните деца и децидно бараат да не се преземаат никакви активности против неа, додека не се докаже или отфрли било каква вина.

„Јас, долупотпишаната/иот, изјавувам дека учителката во ЈДГОА-Срничка, совесно и посветено се грижи за моето дете, немам никакви забелешки на нејзината досегашна работа и сум задоволна/ен од начинот на кој го воспитува и едуцира моето дете кое и го оставам на чување со доверба. Истовремено, очекувам надлежните институции, процесот во кој е инволвирана таа, да го водат непристрасно и професионално, имајќи ги во предвид интересите и на моето дете, без преземање на активности пред да биде докажана или отфрлена било каква вина“, се наведува во изјавата потпишана од 40- тина родители.

Изјавата е доставена до Министерството за труд и социјална политика (Државен инспекторат за труд), директорот на градинката, како и до градоначалникот на општина Аеродром.

Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, потврди дека воспитувачката која беше обвинета од родителите дека го истепала нивниот син и понатаму оди на работа.

Инспекциските служби и Министерството за труд и социјала немаат докази за утврдување на вината на воспитуваачката и поради тоа не може да биде прекинат нејзиниот работен однос, посочи градоначалникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1