Родители внимавајте – во детскиот ранец има опасни хемикалии


Како предупредување за родителите, време е да погледнете што носи вашето дете во училишното ранче.

Најновите истражувања покажале дека хемикалии наречени фталати се наоѓаат во многу пластични предмети кои се популарни меѓу децата што се подготвуваат за во училиште.

За време на истражувањата биле тестирани одредени продукти, ранчиња и било докажано дека дури 75 проценти од нив содржат фталати.

Правниците вклучувајќи го и Сенаторот на Њујорк Чарлс Шумер апелираат да се намали употребата на хемикалиите кои се користат при производството на овие продукти.

– Фактот дека фталатите може да се најдат во играчките кај децата и училишниот прибор е загрижувачки, изјавува Шумер.

Докторите велат дека континуирана изложеност на фталати може да предизвика хормонални промени, вродени мани, стерилност и ран пубертет.

Истражувачите велат дека родителите може да ги заштитат децата со ограничување на нивната изложеност на пластични продукти и да ги заменат со производи направени од друг безопасен материјал.

 Зошто фталатите во училишниот прибор треба да не загрижуваат?

Фталатите се група на хемиски супстанци кои се користат во производството на пластика како PVC со цел производите да бидат помеки и пофлексибилни. Кога се наоѓаат во продуктите кои често ги користите, фталатите може да бидат лесно ослободени бидејќи не се хемисли врзани за пластиката. Различните видови на фталати имаат различни својства, употреба и влијание врз здравјето.

Поради нивниот потенцијален ефект врз човечкото здравје ЕУ забрани употреба на шест специфични фталати во производите наменети за деца. DEHP, DBP и BBP се забранети за употреба при изработка на сите играчки и производи за деца, а DINP, DIDP и DNOP се забранети само за производи кои децата може да ги стават во уста и џвакаат.

Во неодамнешна студија Данската Агенција за Заштита на Средината, откри различни видови на фталати присутни во училишниот прибор, вклучувајќи ги гумите за бришење, при што заклучиле дека всушност тестираните предмети не претставуваат ризик врз здравјето кога се користат нормално. Но како и да е Данското истражување предупредува дека некои од испитуваните гуми за бришење кои содржеле DEHP може да предизвикаат здравствени проблеми само доколку децата често ги ставаат во уста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1