Родителите повикани во полициска станица откако малолетници фрлија соученичка од прозор


Денеска, на 02.10.2018 година, во 07:50 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ц.(50) пријавил дека на 28.09.2018 година во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.

Девојчето се здобило со телесни повреди.

Родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1