Роднина на напаѓачот од Ница: Пиеше, се дрогираше и ја тепаше жената


Возачот на камионот кој што синоќа во Ница уби повеќе од 80 луѓе, свесно ги кршел сите правила на Исламот, вели за британскиот весник „Дејли мејл“ роднина на жената на Мохамед Лахуеџ Булел (31).

Според Валид Хамоу, напаѓачот одговорен за масакрот во Ница пиел алкохол, јадел свинско месо и се дрогирал.mohamed-bulel

– Никогаш не се молеше ниту одеше во џамија. Ја тепаше својата жена со која има три деца и беше во процес на разведување – вели роднината.

Булел претходно ѝ бил познат на француската полиција по помали кривични дела. Тој наводно ја изгубил работата како доставувач откако заспал зад воланот и се забил во четири автомобили. Булел бил познат по деликвенција и насилство, но неговата радикализација очигледно поминала незабележано.

Роднината на жената на напаѓачот вели дека Булел не бил религиозен.

– Тој не беше муслиман, туку ѓубре од човек – вели Хамоу.

Неколку часа пред масакрот полицијата го сопрела Булел. Тој им кажал на полицајците дека доставува сладолед и му било дозволено неколку часа да паркира на шеталиштето.

Француските медиуми денеска објавија фотографија од документите на Булел.

Мохамед Булел бил роден на 3 јануари 1985 година во Мсакен, во покраината Монастир. Името на неговата мајка е Черифа, која со семејството живее во неговото родно место.

Тој имал двојно државјанство на Франција и на Тунис, а живеел во северниот дел на Ница и работел како возач во курирска служба.

Полицијата не го следела како потенцијален радикален терорист. Се работи на идентификација на потенцијалните соучесници, бидејќи полицијата се сомнева дека не работел сам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1