Роднина на патник: Сe уште никој не ми кажа дали моите роднини се живи или починати


Роднините на патниците од автобусот кој се запалил на автопатот Струма се уште немаат информации дали меѓу загинатите или повредените има нивни роднини.

Исмаил Селјами е пред болницата во Пирогов и чека официјални информации од болницата, објавува бугарскиот медиуми Bgonair.bg

„Сè уште никој не ми кажа дали моите роднини се во болница или починаа во автобусот. Не снајде голема трагедија. Сакаме бугарските власти да не известат што се случува, кој преживеа“, повика Селјами.

Во медицинската установа се сместени 7 лица, пет мажи и две жени. Некои од нив се семејство со 16-годишно девојче. Шест од повредените се со изгореници, а еден е сместен на Клиниката за трауматологија.

Друг роднина кој е близок со седум лица кои патувале во автобусот на смртта ги посетил преживеаните и вели дека за останатите нема информации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1