Во Брисел илјадници луѓе присуствуваа на бдеењето во Моленбек, во близина на станот на браќата терористи Ибрахим и Салах Абделсалам.
Како што јавува репортерот на Би-Би-Си, Рон Браун, свеќите на балконот на станот во кој живеат родителите на двајцата терористи ги запалил третиот брат Мохамед Абделсалам
Бдеењето „за сите жртви на тероризмот и политичкото насилство во светот“ во квартот Моленбек, кој беше прогласен за европска џихадистичка престолнина во деновите по нападот во Париз, е организирано во обид да се тргне негативниот имиџ на бриселскиот кварт.