Роднини на жртвите од бродот Илинден во Охрид бараат 5,2 милион евра отштета


Во Софискиот окружен суд денеска почна судски процес по граѓанска тужба во врска со потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро во септември 2009 година, при што загинаа 15 бугарски државјани.ilinden

Со тужбата роднини на загинатите бараат над 5,2 милиони евра отштета од осигурителните компании „Алианц Ферзихерунг“ и „Германишер Лојд“. Тие, како што јави БТА, во тужбата наведуваат дека причина за потонувањето на бродот се извршените промени во структурата на „Илинден“, по што осигурителните компании оцениле дека бродот е безбеден.

Во текот на денешната судска расправа беа сослушани 14 сведоци, роднини и блиски на загинатите, кои изнесоа детали за трагедијата.

Судот на двете страни во спорот им даде рок од 20 дена да се запознаат со доказите во процесот, како и да бидат прибавени дополнителни информации за техничката експертиза за случајот.

Во врска со потонувањето на бродот, со кој над 50 бугарски туристи патуваа од Охрид до Свети Наум, во Макеоднија веќе се осудени сопственикот и капетан на „Илинден“, Сотир Филевски и техничкиот експерт Брано Баиќ.

За време на несреќата на бродот имало 53 патници, иако тој имал капацитет за 35 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1