Роналдо се изненади од влечките, Мурињо бара Пандев со авион да дојде во Скопје


Фотографијата направена за време на тренингот на Реал Мадрид на која е фатен моментот како Роналдо ги гледа познатите влечки од „Чик Куманово“ се еден од моментите кои го одбележаа вчерашниот ден.

Вниманието на јавноста вчера го привлече и изјавата на Мурињо дека Горан Пандев е најдобриот македонски фудбалер во историјата и оти сака да се обезбеди приватен авион и вечерва на натпреварот да го види Пандев.

Супер Купот е закажан за 20.45 часот. На трибините ќе има околу 8.000 Македонци, додека останатите места ќе ги пополнат навивачи од дури 72 други земји.

Најголем дел се очекува да бидат од Англија и Шпанија (вкупно околу 10.000). Од утрово навивачи пристигнуваа во Скопје, задржувањето на границите е околу 30-тина минути, но се очекува да се зголеми фрекфентноста.

Фан зоните подготвени во центарот на градот се отворени. На плоштад „Македонија“ се наоѓа неутралната, кај „Мајка Тереза“ е за фановите на Манчестер Јунајтед, а на плоштадот „Филип Втори“ се наоѓа зоната за навивачите на Реал Мадрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1