Русија ги затвори вентилите – Украина без гас, на Европа и се заканува студена зима


Рускиот гасен гигант „Газпром“ вчера ја запре испораката на гас за Украина бидејќи истече рокот за плаќање на долгот од 1,9 милијарда долари на украинската компанија „Нафтогас“ за испорачаното гориво лани и од почетокот на годината.  Заради неплатен долг од неколку милијарди евра, во 10 часот по московско време, руски „Гаспром“ за украински „Нафтогас“ воведе авансно плаќање за гасот.

Тоа практично значи дека во иднина Русија нема да испорачува гас за Украина, доколку тој не биде претходно платен.

gas_1Истовремено, „Гаспром“ пред Столкхолмскиот суд го тужи „Нафтогас“ за неплатен долг од 4,5 милијарди долари.

Испораката на гас за европските потрошувачи, како што изјави портпаролот на „Газпром“, Сергеј Kупријанов, се одвива во полн обем. Меѓутоа, каква ќе биде состојбата понатаму, ќе зависи пред с` од Украина, која е должна да овозможи непречен транзит на енергентот. Меѓу двете земји постојат два посебни договора, еден за испорака и еден за транзит на гас за европските земји и едниот со другиот се независни. Но, и покрај ова, во 2009 година настана криза со снабдувањето во Европа кога исто така, како и сега поради спорот за цената беше запрена испораката на гас за Украина, но таа ги искористи складираните резерви наменети за европските држави, кои поради тоа, остана без гас.

Украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан вчера потврди дека Русија ги запрела сите гасни испораки за Украина, но дека гарантира сигурно снабдување за европските клиенти.

Од руска страна, како што пренесе агенцијата ИТАР-ТАСС, пристигна предупредување до европските клиенти дека доколку дојде до обратна испорака на гас, односно ако некој од нив од Русија земе гас и потоа го испорача на Украина, во тој случај ќе ги запре испораките кон нив. Ова доаѓа поради најавите за можноста на овој начин да се реши проблемот со недостиг на гас на Украина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1