Властите бараат компанијата да го почитуваат законот за складирање на корисничките податоци
Русија се закани дека ќе го забрани Фејсбук во земјата, ако компанијата не се придржува до законот за складирање на корисничките податоци.
Законот, усвоен во 2014-та година, од телекомуникациските компании бара да ги чуваат личните податоци на Русите, во Русија. Тој беше критикуван како начин руската влада да ги принуди компаниите да предадат податоци за своите корисници.
Александар Жаров, шефот на „Роскомнадзор“, владиниот надзорник за телекомуникации, изјави: „Законот е задолжителен за сите. Ќе работиме на тоа да го натераме Фејсбук да го почитува и ова дефинитивно ќе се случи во 2018-та година“.
Доколку Фејсбук одлучи да не се придржува на овој закон, Жаров додаде дека компанијата ќе биде забранета во Русија.
Минатата година руските власти ја забранија веб-страницата за професионално поврзување Лингтин (LinkedIn), велејќи дека компанијата го прекршила рускиот закон.
Фејсбук е мошне популарен од опозициските групи во Русија, за организирање протести и споделување политички пораки.
Најавата на руските власти доаѓа неколку дена откако Фејсбук откри дека профилите со наводни руски врски биле користени за објавување реклами поврзани со минатогодишните избори во САД.
Компанијата соопшти дека информациите за тие реклами ќе ги сподели со американските власти.