Легализацијата на геј браковите во Франција и Велика Британија ги намалуваат шансите за државјаните на овие земји, да посвојуваат деца од Русија-изјави денес, претставник од руското министерство за надворешни работи, Константин Долгов
По забраната американци да посвојуваат руски деца, Русија сега и со друга мерка. Француските хомосексуалци нема да имаат наши деца-истакна во понеделникот Павел Астахов, кој во Кремљ е задолжен за правата на децата.
Хомосексуалноста во Русија, до 1993 се сметаше за кривично дело, а до 1999 година за ментална болест.