Русија во 2011 барала од САД да го истражи Тамерлан Царнаев – не нашле ништо сомнително


boston osomn 5

Русија во 2011 година побарала FBI да го истражи Тамерлан Цернаев, провосомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон од 15-ти април, кога загинаа три а беа ранети 183 лица од кои многумина останаа без екстремитетите, пишува во саботата Reuters повикувајќи се на извори од безбедносните служби на САД

Прeтходно во петокот од FBI потврдија дека по дојава од странска влада пред две години, во разговорот со сега убиениот во полицијата 26-годишен Тамуран Царнаев, преку проверка на неговите патувања активности на интернет и лични контакти, тогаш „не било утврдена никаква терористичка активност”.

Неговата мајка, 45-годишната Зубејдат К. Царнаева, за телевизиската станица Russia Today изјави дека е убедена оти нејзиниот син е невин и дека случајот му е подметнат.

МОЈОТ СИН5 ГОД Е ПОД ПРИСМОТРА НА ФБИ – КАКО ТОГАШ НЕ ЗНАЕЛЕ ШТО ПРАВИ – ТВРДИ МАЈКАТА НА БОМБАШИТЕ (ВИДЕО)

bombsi dvajcaПостариот од двајцата браќа Царнаев по потекло од Чечнија кои пред десет години од Дагестан се доселиле во САД каде што добиле американско државјанство, 26-годишниот Тамерлан почина во болница откако влезе во престрелка со полицијата во бостонското предградие Вотертаун при што беше ранет.

Помалиот брат, 19-годишниот Џохар беше откриен ноќта кон саботата по целодневна потера по него и е ранет и пренесен во болница.

Полицијата верува дека браќата дејствувале сами.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1