Русин на -40 испаднал од воз и по папучи трчал 7км до следна станица


trca-polugol

42 годишен Русин буквално трчал за да си го спаси животот. Тој испаднал од возот, а на себе имал само мајца и папучи. Морал да трча седум километри на температура од минус 40 степени, до наредната станица.

Човекот изјавил дека имал намера само да испуши цигара во место предвидено за пушачи. Откако сакал да се врати назад во купето, промашил една врата и отворил друга, која водела кон излезот, но не била заклучена и испаднал.

Патникот почнал да трча по возот, но не успеал да го стигне. На следната станица која била седум километри подалеку од местото на инцидентот, на човекот му била пружена помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1