РУСКИ АНАЛИТИЧАР ПРЕДУПРЕДУВА: Наместо „Голема Албанија“ можно е да нема Албанија


Надворешните набљудувачи се склони да мислат за Албанија како монолитна земја, но под покривката на „Голема Албанија“ се крие длабока општествена поделба, која повремено се ублажува преку вентилот на етничкиот иредентизам. Земјата пати од таков степен на корупција и лошо управување, поради кое, илјадници нејзини граѓани ги примора да побегнат и го почнат животот од почеток во Германија, што само допринесе за економската криза, во која Албанија го пронајде и го зголеми стравот од надоаѓањето на политичките немири.zname etnicka albanija

Елитата во Тирана се насочи кон митот за „Голема Албанија“, уклештена меѓу основните друштвено-економски проблеми и закани, поделба и разлика на дијалектите на Геги и Тоски, и има потенцијал да се претвори во конкретни регионалистички идентитети, кои ја слабеат кохезијата на албанската држава.

Примерот на поранешната Југославија, поточно Србија и Хрватска, чии јазици се со различни дијалекти од заеднички јазик, покажува колку дијалектот е длабоко вкоренет во политиката. Нема причина да Гегите и Тоските во Албанија на северот и југот би требало да бидат исклучок, особено ако нивните дијалекти се многу поинакви од еден од друг, за разлика од српскиот и хрватскиот. Југославија имала комунистичка идеологија за да ги соедини различните идентитети, додека Албанија ја има „Голема Албанија“. Но, она што се случило во Србија и Хрватска по комунизмот, се гарантирало дека помеѓу Гегите и Тоските постоти напнатост поради идејата за „Голема Албанија“, која нема долго да ги држи заедно.

Не мора да значи дека ривалството меѓу Гегите и Тоските ќе доведе до големо насилство како по распадот на Југославија или како сега на Блискиот исток, но треба да биде јасно дека кога идеологијата на „Голема Албанија“ ќе исчезне, како кога комунистичката идеологија исчезна од Југославија, почнува да се појавуваат поделбите (кои на големо ги манипулираат странските актери)velika-albanija-240x240

Ситуацијата во Албанија е слична, иако со таа разлика што во неа може природно, да секој нејзин составен идентитет биде раздвоен без никаков странско мешање. Всушност, странското вмешување (во овој случај позитивна покриеност во американските и западните медиуми) е одговорна за зацврстување на идејата за единствена „Голема Албанија“. Сепак во случајот да домашните дисиденти станат доволно храбри да јавно проговорат против „Голема Албанија“ (ако тоа се случи тоа најпрво ќе биде некои од христијанските заедници), тогаш разликите би можеле бурно да испливаат на површина (најверојатно на чело со потиснатото Геге мнозинство) Можеби тогаш ќе се дојде до заклучок дека Албанија како заедница на Гегите и Тоските стана исто толку анахрона како Југославија како заедница на Србите и Хрватите:

Не мора да се дојде од полн и крвав распд, но едвај одржливата заедница може да биде претворена во федерација на два независни дела.albanija

Албанските политичари агитуваат за обновување на „Голема Албанија“ од времето на фашизмот како очајничка мерка да се надокнади внатрешната слабост.

Но, кога идеологијата на „Голема Албанија“ покажува дека не е способна да донесе подобрување, и кога нејзиниот хипотетички ефект ќе престане, незадоволните и сиромашни мнозинство на граѓани на оваа земја, ќе можат да се тргнат од својот индикуван „транс“ и да се свртат кон елитата која е навистина одговорна за нивната состојба. Тоа би можело да доведе до протести како во Молдавија, што би можело да предизвика национална дестабилизација, особено ако водачите одбијат да си поднесат оставка, или уште полошо, ако државата посегне по насилство за да ги растера демонстрантите. Да дојде до такви настани би зависело од тоа како Тирана би одговорила на протестантските движења и од тоа кој точен социјален елемент би играл водечка улога во организирањето на демонстрациите.

Во голема мера запоставена е, кога се расправа за Албанија, но не помалку важна христијанската заедница во земјата, со мнозинство католици и православни. Албанија има историја на верски конфликти, а за време на раководењето на Енвер Хоџе, државата ги забрани сите религии. Тоа било внатрешна војна меѓу владите и сите религии, а после падот на комунизмот, албанските елемнти поведоа уште една верска војна, со поддршка на владата, но овој пат вон нејзините граници, со намера на брутално чистење на христијанските жители од Косово.

Изгледа дека доаѓа време за нова фаза во ерските војни во Албанија, но овој пат можеби повторно ќе бидат сконцентрирани во самата земја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1