Руски хирург украл хероин од стомак на пациент


Руската полиција уапси хирург за кој се сомнева дека украл пакет хероин кој што го извадил од стомакот на едно лице кое илегално ја пренесувало дрогата.

4c50d2aa-2877-43b7-bc4b-9793642994baБизарниот случај започнал кога на шверцерот му се слошило во воз, по што бил префрлен во болницата. Полицијата имала информации дека се работи за лице кое носело неколку пакети на хероин во обид да ги прошверцува во стомакот.

Во болницата потоа била извршена операција, во која пакетите била извадени од желудникот. Но необична случка настанала по операцијата. Полицијата забележала дека недостасува еден од извадените пакети, при што хирургот кој ја извел операцијата започна да се однесува невообичаено. Полицајците потоа го пронашле изгубениот пакет кај хирургот.

Хирургот, за кого локалните медиуми тврдат дека има историја на консумирање на наркотици, сега се соочува со казна затвор до 15 години поради кражба и поседување на голема количина на дрога, пренесува BBC.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1