Руски улици ќе го носат името на Уго Чавез


Ugo-Cavez-21Руските комунисти предложија некои улици во различни градови во Русија да се преименуваат во чест на претседателот на Венецуела, Уго Чавез, кој почина на 5-ти март. Чавез беше пријател на рускиот народ и одржуваше блиски врски со руските власти и бизнис, додаваат комунистите, оправдувајќи го својот предлог.

Московските градски власти со разбирање го прифатија предлогот на КПРФ и ветија дека ќе го разгледаат во Московската градска дума.

Руска реч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1