Руско народно верување за Бадник и Божиќ: Небото се отвара и желби се исполнуваат


Во Русија за време на празниците, сите храмови се свечено накитени, во нив или пред нив се красат елки, а во црквите се поставуваат скулптури од Јосиф, Марија и Христос на кои верниците се поклонуваат.

Обичај е до Божиќ да се завршат сите работи: да се исчисти цела куќа, елката да се накити, да се зготват различни видови на храна, на трпезата би требало да бидат 12, како што христијанството има 12 апостоли и 12 свети денови, од раѓањето на Исус до Богојавление ( тој период во Русија се нарекува “свајтки“)crkva2-630x354

Задолжително е на 7ми јануари да има печено прасе или гуска полнета со јаболки. Некој припрема и божиќен леб, божиќното јагне го симболизира жртвувањето кое Исус го истрпел…

Целата храна се јаде со голема благодарност кон Христос.

Чаршавот со кој е прикриена масата треба да е бел, тоа го симболизира белото платно во кое Христос е повиен по раѓањето. На прозорите се става запалени свеќи во знак на единство, а исто така означуваат дека вратите се отворени за гости. Освен тоа, според верувањата, пламенот на свеќата означува и заштита од зли духови.

Според народното верување ноќта од Бадник спрема Божиќ се случуваат чуда: небото се отвара, сите води – реки, езера, извори – имаат способност да лечат, а желбите се исполнуваат.

Русите од памтивек практикуваат на овој ден да ги подадат рацете кон небото и да побараат од бог исполнување на желбите. Се мијат со вода од најблиските реки или езера посакувајќи здравје и благосостојба за себе и блиските.

Според еден пагански обичај ноќта спроти божиќ под отворено него ги отвараат и празните новчаници или пак дланки изговарајќи боже наполни го.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1