Обвинителката Вилма Русковска изјави дека на судијата на претходна постапка е оставен да одлучува за барањето за притвор за потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, пренесе Телма.
За пратеничката Фросина Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет, рекла дека се барани само мерки за претпазливост: одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот. Најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.
Јасна Мандиќ, која е потпретседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ и една од новоосомничените во проширената истрага за Рекет денеска беше донесена во Кривичниот суд да даде исказ за предметот Рекет. За неа обвинителството бара мерка притвор.