Вo вторник 8 мај, во Лисабон во „Алтис Арената”почнува 63. издание на избор за песна на Евровизија. Првата полуфинална вечер е утре (8 мај), втората на 10 мај, а главната финална вечер е во сабота на 12 мај.
Учествуваат 43 земји, а нашите претставници – групата „Ај кју” настапува во првата полуфинална вечер. Со нив, во првата полуфинална вечер ќе се натпреваруваат и претставниците на Исланд, Албанија, Белгија,Чешка, Бугарија, Хрватска, Грција, Кипар, Швајцарија, Австрија, Финска и Израел кој важи за најголем фаворит на овогодишната „Евровизија“.
Пред официјалниот почеток на годинашниот избор, претставниците на земјите учеснички прошетаа по синиот тепих во Лисабон, Португалија. Меѓу нив беа и македонските претставници, бендот „Ај Кју“.