Судот на честа на Лекарската комора нема доволно докази за да ги одземе лиценците за рабта на на двајцата пијани анестезиолози од гевгелиската болница.
Досегашните докази дека кај едниот лекар имало 1,75, а кај другиот 1,23 промили алкохол во крвта додека обајцата извршувале операција и највероојатно ја предизвикале смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, за членовите на Судот на честа на Лекарската комора не се доволни докази.
Оттаму велат дека ќе го следат и судскиот расплет на овој случај. Во тек е вештачењето за овој случај од страна на обвинителството.
Маја Кадиева и нејзиното неродено бебе починаа на 22 октомври во гевгелиската болница. Маја требала да се породи со царски рез, но најверојатно поради лекарска грешка дошло до задушување.