САД со закани кон Путин: Ова не е „Роки 4“, Русија да внимава


Американскиот државен секретар Џон Кери синоќа изјави дека Русија мора да биде внимателна во своите идни постапки околу кризата во Украина, додавајќи дека спорот меѓу САД и Русија околу оваа земја не е реприза на филмот „Роки 4“.

john-kerry-500– Не сакаме конфронтација. Но, јасно ставање до знаење дека секоја земја мора да го почитува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Русија рече дека ќе го стори тоа и мислиме дека е важно да го исполни дадениот збор. Рускиот претседател Владимир Путин мора внимателно да ги слушне гласовите на Украинците, кои ја искажаа својата желба за промени. САД не го гледа својот однос со Русија како продолжение на Студената војна. Ова не е „Роки 4“, изјави Кери.

Филмот „Роки 4“ е познат по мечот меѓу американскиот боксер Роки Балбоа и рускиот Иван Драго.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, изјавата на Кери доаѓа во време кога Русија најави итна проверка на борбената готовност на руските Вооружени сили, како и во време на нови насилни протести на југот на Украина и шпекулации за движење на руските единици околу базата Севастопол.

Украинската опозиција го смени претседателот Виктор Јанукович од функцијата по неколкудневните безредија на улиците на Киев и формираше нова Влада која најави вртење на државата кон Запад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1