САД: Затвореник ослободен по 40 години во самица!


Најстариот затворени во самица во САД, Алберт Вудфокс излезе во петокот на слобода по повеќе од четири децении минати во самица, а толкавата должина на неговото заточение беше повод за меѓународните осуди, соопштија неговите адвокати.

Алберт Вудфокс, афроамериканец, кој во петокот наполни 69 години, осуден е заедно со уште двајца црници, Роберт Кинг и Херман Валас, за убиство на чувар во затворот Ангола, во сојузната држава Луизијана, во 1972 година.zatvorenik sad2

Тројцата биле припадници на движењето Црни пантери, радикално движење за заштита на американските црници од полициската бруталност во времето додека затворската средина била изразено поделена околу расните прашања.

Вудфокс од почетокот го негираше убиството на чуварот, Осуден е без материјални докази, врз основа на исказ на тројца затвореници. На Кинг пресудата му е поништена по речиси 30 години минати во самица.

„Иако сме пресреќни што Алберт Вудфокс конечно е слободен, неправедно е што, деценија по деценија, мораше да ги трпи условите во самицата подолго од кој и да е друг затвореник во историјата на САД“, изјави неговиот адвокат Џорџ Кендал.

Судбината на Вудфокс, Кинг и Валас, наречени „тројцата од Ангола“, ги поттикна критиките на невладините организации за човекови права, во прва ред Amnesty Inernational.zatvorenik sad

Во овој период во САД се води жестока дебата за затворскиот систем, имајќи предвид дека претседателот Барак Обама неодамна најави дека сака да го намали бројот на затворениците кои се ставаат во самиците и да се испитаат други можности за системско затворање.

Околу 100.000 затвореници во САД 23 од 24 часа дневно се затворени во мали ќелии, речиси без никаков контакт со луѓе. Со 2,2 милиони затвореници САД држат во затворот мажи и жени повеќе отколку 35 европски држави заедно.

Обама во јули 2015 година беше првиот американски претседател во историјата на земјата кој за време на извршување на должноста посети сојузен затвор и тогаш предупреди на недостатоците на американскиот затворски систем кој е меѓу најскапите и меѓу најпренатрупаните во светот. Масовните затворски казни во САД предизвикаа експлозија на трошоците, околу 80 милијарди долари годишно, што претставува третина од буџетот на министерството за правда.

Афроамериканците и хиспаноамерканците го сочинуваат мнозинството од затворската популација во САД, или 60 отсто од сите затвореници, иако двете заедници претставуваат само 30 отсто од вкупното американско население.

Според Обама, 100.000 затвореници се наоѓаат во изолација во американските сојузни затвори, меѓу нив и малолетници и лица со психички пореметувања.

Одлуката на Врховниот суд од крајот на јануари за ретроактивната примена на доживотниот затвор за малолетници и најавата на Обама за забрана на изолацијата во самици, се дел од пошироката расправа во САД за казните чии траења се оценети како претерани во правосудниот систем со пренатрупани затвори.

Со примена на конкретен случај, деветте судии на Врховниот суд му дадоа за право, со шест наспроти три гласа, на затвореникот Хенри Монтгомери, кој бараше повторно судење и се повикана 8-от амандман од уставот, кој забранува „свирепи и невообичаени казни“. Монтгомери како 17-годишник убил заменик шериф во државата Луизијана и во затвор е од 1963 година.

Со примената на ретроактивноста на веќе изречените пресуди, одлуката на Врховниот суд силно ќе влијае врз американската затвореничка популација. Всушност, до оваа одлука, илјадници затвореници во земјата биле осудени речиси сиот свој живот да го минат зад решетки, иако во времето кога биле уапсени биле малолетници.

Н 25-ти јуни 2012 година Врховниот суд одлучи дека доживотното затворање на малолетник е во спротивност со уставот, како и дека во тој случај со младиот деликвент треба да се постапува поинаку отколку со возрасен. Но досега оваа историска одлука се користеше само за малолетници осудени за убиство по овој датум.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1