Потресно: Сака да и роди дете на мртвата ќерка


59-годишна Британка  сака да и роди дете на својата ќерка која починала пред 4 години. Меѓутоа клиниките во Велика Британија не сакаат ја оплодат со јаце клетки кои нејзината ќерка ги замрзнала во 2008 година. Јајце клетката од ќерката на оваа жена треба да се оплоди со сперма на анонимен донор. Нејзината единствена ќерка починала од рак на дебелото црево пред четири години, во своите дваесетти години, па оваа мајка сака да и` ја исполни последната желба, без оглед на ризикот кој во овие години го носи бременоста

201640_trudnoca_f

Оваа мајка сега се обидува да ги пренесе јајце клетките на својата ќерка во клиниката во Њујорк која наводно се согласила да изврши вонтелесно оплодување за 90.000 долари, но нејзиното барање за извоз на јајце клетки од земјата било одбиен три пати па случајот ќе го преземе британскиот висок суд.

Иако технички е можно жените и по менопаузата да забременат, благодарение на хормонски суплеметни, ризиците по здравјето на старите жени се многу големи. И покрај сите предупредувања и законски препреки, оваа жена изјавила дека сака да ја исполни последната желба на својата ќерка и дека до крај ќе се бори да успее во тоа.

Сепак, таа и нејзиниот сопруг се толку одлучни да ја исполнат желбата на нивната ќерка, што овој случај стигнал до суд. Ако судијата одлучи да и` дозволи да направи вонтелесно оплодување, оваа жена ќе биде првата жена на светот која родила дете користејќи јајце клетка од својата мртва ќерка.
 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1