Девон Стаплс почина откако се обиде да лансира огномет од својата глава, за време на прославата на денот на независноста на САД.
Како што пишуваат медиумите, 22-годишното момче, на главата ставило цевка за лансирање на огномет, го запалило и веднаш починало.
Неговиот брат Коди се наоѓал во близина, и како што вели, Девон ја држел заплката во раце, со која несакајќи го заплил огнометот.
„Јас бев првиот кој стигна до него. Немаше потреба да се брза до болница. Кога стигнав веќе го немаше Девон“, изјави Коди и додаде дека неговиот брат никогаш не би направил нешто толку глупаво, туку дека сакал само да ги насмее другарите.