Сакала бебе – ја оплодила малолетната ќерка со сперма купена на интернет


Мајката којашто ја присилила своја посвоена ќерка тинејџерка на вештачко оплодување бидејќи сакала дете за себе, е осудена на пет години затвор во Велика Британија, а овој случај покрена расправа за тоа дали е во ред толку лесно да може да се дојде до сперма од донор.

devojce - deteЗдодевните тајни судски документи покажале дека ќерката, инаку девица, била натерана на оплодување во нејзината спална соба и тоа седум пати во две години, првпат во 2008 година кога имала 14 години Употребувала шприцови со сперма коишто мајка и` ги купувала преку интернет од данската банка за сперма „Cryоs”.

Со 16 години конечно забременила и со 17 родила. Вонредните околности на нејзината бременост искочиле на виделина кога бабиците станале сомничави бидејќи мајката настојувала да го спречи зближувањето на ќерката со новороденото дете.

„Не го сакаме тоа зближување”, рекла мајката кога бабицата и` предложила на девојката доење. По неколкуте такви ситуации, патронажните служби ја известиле социјалната служба, а полицијата во случајот беше вмешана во јули 2011 година.

Во пресудата којашто била донесена уште во март 2012 година, а објавена дури во понеделникот кога е завршен кривичниот прогон на мајката, судијата Питер Џексон го опишува „шокот од тоа што родителот може да се однесува на таков подмолен и себичен начин кон ранливото дете”.

Судијата го постави и прашањето на меѓународната трговија со донорска сперма и забележал дека „нема ефикасна контрола над набавувањето сперма од Cryos

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1