Сакале да внесат 3 600 килограми фалс чоколади во Македонија


Со оглед на тоа дека станува збор за кондиторски производи, наменети за најмладата популација која не е во можност лесно да распознава оригинал од фалсификат, со ова Царинската управа спречи обид за пуштање во промет на непроверена стока со сомнителен квалитет. 

fals cokoladiОткако, при контрола на стока наменета за фирма увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Тетово беа откриени 3.600 килограми крем табли со изглед што наликува на производот Kinder Bueno на производителот FERRERO SPA и истите беа привремо задржани заради сомневање дека повредуваат права на интелектуална сопственост, носителот на правото Ferrero S.p.A ја извести Царинската управа дека стоката повредува нивни права на интелектуална сопственост.

Со оглед на тоа дека станува збор за кондиторски производи, наменети за најмладата популација која не е во можност лесно да распознава оригинал од фалсификат, со ова Царинската управа спречи обид за пуштање во промет на непроверена стока со сомнителен квалитет.

Од увозникот ќе биде побарано веднаш да ја уништи стоката под царински надзор во итна постапка – соопштија од Царинската управа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1