Сакале СДСМ или не рокот за изборите продолжен – усвоени измените


Sobranie

 Собранието на Република Македонија денеска на итна седница го донесе Предлог-законот за измена и дополнување на Изборниот законик во прво читање, со кој се определува дополнителен рок за поднесување листи за кандидати за советници и за градоначалници за локалните избори до 3 март (недела) заклучно со 00:00 часот.

гласаа сите 66 присутни пратеници. Согласно одлуката на Собранието за измените попладнево треба да расправаат матичните собраниски тела – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Измените во второ читање треба да бидат донесени во рамките на итбата 56-та седница која ќе продолжи во 17:30 часот.

Министерот за правда Блерим Беџети претходно образложувајќи го предлогот истакна дека со него Владата настојува да се задоволи уставното начело дека секој има право да избира и да биде избран.

vlada-na-rm

Предлог измените се најдоа во Собранието откако Владата на Република Македонија на денешната седница ги усвои по итна постапка. Нашиот предлог сега има законска форма, а по усвојувањето од Собранието ќе има и законска сила, изјави Јанкулоска.

Андреј Петров, секретар на СДСМ, како одговор на денешниот предлог за нивно учество на локалните избори даден од страна на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека „Сојузот за иднината“ не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи, туку заради целосната неодговорност на власта.

Пратениците на власта, посочи тој, планираат во Собранието, да донесат измени на Изборниот законик.

– Соопштувањето на овие погубни политики Никола Груевски им ги додели на Ставревски и Јанкуловска кои беа извршители на бркањето опозициски пратеници на црниот понеделник, рече Петров.

sdsm vmroТој потсети на предлогот даден од Бранко Црвенковски, во име на здружената опозиција: „ако на локалните избори советничките листи на Сојузот за иднината освојат барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори“.

Во меѓувреме, СДСМ за вечерва со почеток во 19 часот закажа седница на Централниот одбор во седиштето на партијата.

ДУИ и ДПА соопштија дека ги прифаќаат предложените измени на Изборниот закон.

ДУИ и ВМРО-ДПМЕ ги повикаа опозициските партии кои ја бојкотираат работата на Собранието да се вратат во законодавниот дом и заеднички да бидат донесени измените на Изборниот законик.

Локалните избори во Македонија се закажани за 24 март.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1