Расправа на интернет за најморничавите работи кои децата им ги кажале на своите родители, предизвика големо интересирање на корисниците на сајтот Редит.
Корисниците за помалку од 24 часа оставиле повеќе од 10.000 коментари.
Прашањето за родителите гласеше:
„Кои се најморничавите зборови кои детето некогаш ви ги кажало“, а асортиманот на одговорите се движел од бизарни до навистина застрашувачки.
Корисникот под шифра „thingsimeanttobe“ напишал:
– Мојата петгодишна ќерка понекогаш има ноќни кошмари и вреска во сон. Една ноќ и реков: – Мама е тука, се е во ред. Ме погледна, се уште во сон, и вресна: Мама? А кој е тоа зад тебе?
Друг корисник напишал: – Само што го успивав својот двегодишен син кога ми рече: – Збогум, тато. Му реков: – Не, се вели добра ноќ, а тој ми одговори: – Знам, но ова е збогум.
На прашањето: – Кој е најдобриот начин да најдеш девојка, седмогодишниот син на корисникот на Редит „Abluesxs“, одговара: – Речи и да ти биде девојка, или повеќе никогаш нема да ги види своите родители.
„Псалм-96“ напиша како се ужаснил кога четиригодишната ќерка го разбудила во шест часот наутро и му шепнала: – Сакам да ти ја одерам целата кожа.
Корисникот „Like-I-was-sayin“ напиша: – Мојата тригодишна ќерка стоеше покрај нејзиниот новороден брат. Го гледаше некое време, а потоа се сврте, ме поглена и ми рече: – Тато, ова е чудовиште, треба да го закопаме.
– Честитам на раѓањето на антихристот, прокоментира друг корисник на сајтот.