Сакате да бидете градоначалник: ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за локалните избори 2017


Водејќи се од принципот на транспатентност и отчетност, ВМРО-ДПМНЕ денес преку дневните весници објави јавен повик за кандидирање на кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат во 2017 година. Кандидатурите ќе може да се поднесуваат најдоцна до 20 септември.

Повикот се однесува на сите 84 општини во државата. Во истиот е наведено дека кандидат за градоначалник може да биде секој граѓанин кој ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Устав и закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политики, идеологијата, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.vmro-javen-povik-640x398

-Потребно е заинтересираните кандидати да оседуваат углед, авторитет и морален дигнитет во местото каде живеат и работат, односно во општината за која аплицираат. За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи, туку доставување на стандардизирана биографија со фотографија на не повеќе од 3 страну, детална програма за рабпта на општината на не повеќе од 5 страни со конкретни проекти, мерки и идеи, за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардна аплицијација, стои во повикот од владејчката партија.

По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од партиското седиште и со него ќе биде извршен разговор од страна на Специјална комисија која за таа цел ќе биде формирана.

По повикот се наведува дека сите кандидати имаат поддеднакви шанси да бидат избрани во зависност од личните квалитети и успеси во минатото, како и визијата за иднината.

-ВМРО-ДПМНЕ продолжува со својата пракса низ максимално транспарентна процедура и преку активно учество на граѓаните да се изберат најсоодветните кандидати за градоначалници. Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги обедини сите граѓани околу мотивот за создавање на силни и просперитетни општини во Република Македонија, стои во јавниот повик на партијата.

Инаку, сите заинтересирани лица потребната документација може да ја подигнат од седиштето на партијата во архивата секој работен ден од 12 до 16 часот или пак на веб страната www.vmro-dpmne.org.mk. Пополнетите материјали треба да се достават до партиското седиште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1