Сакате да работите на брод? Еве кои се платите и како се аплицира


Работа на прекуокеанските бродови, се почеста дестинација за печалба на македонците. Се бараат собарици, конобари, чистачки, вработени во бар, продавачки во продавници за подароци, фотографи, итн.
На интернет ги пронајдовме следните податоци за овој вид печалба преку компанија во Македонија. Oва не е единствената компанија – само во Скопје има неколку кои посредуваат, а според луѓе кои заминале на работа на брод можеби најдобро е да најдете на интернет и самите да аплицирате. Како и да е оваа фирма на својата интернет страница нуди информации за тоа што се бара и што ви е потребно – а и најважно колку плата се нуди.
Според информациите на нивниот сајт еве како од прилика се движат платите.

kruzer brodPhoto Manager –

главни сте за одделот фото – се бара искуство за оваа позиција, течен англиски јазик. плата од-до: $2200-2700 U.S. месечно плус бакшиш.

Photographer  – фотограф  

Ги сликате патниците. Потребно е барем некое минимално искуство но немора да сте фотограф примаат и без искуство. Мора да имате вистински пријатен однос со патниците, ентузијазам и карактерност. да зборувате добро англиски. Плата од – до $1800-2100 U.S. месечно плус бакшиш и можност да ве унапредат во менаџер за фотографија.

robot_housecleaner_275Cleaner / Чистачка на јавни површини на бродот 
Чистење на сите јавни површини – ходници, шеталишта… ова е стартна позиција за работа на брод. се бара познавање барем малку англиски јазик, не е потребно искуство: плата $600-800 U.S. месечно и можност да ве унапредат во чистачка на кабините или како што ја нарекуват Cabin Steward

Cabin Steward / Stewardess / Cabin Attendant 
Ги чистите собите на гостите искуство е пожелно, основен англиски исто така. Плата: $1800-2200 U.S. зависно од тоа колку се задоволни гостите – можност да ве унапредат во главна за чистачките или Head Room Steward.

Shop Assistant / Gift Shop Sales Associate – продавачка се бара барем некое основно искуство во таа област, течен англиски. Плата: $1600-2000 U.S.

hrana kelnerkaDining Room Junior Waiter / Waitress – Келнер во ресторанот за вечери 
Послужувате храна и пијалоци. се бара барем некое искуство, познавање англиски. Плата: $1200-1800 U.S. зависно од бакшишот на гостите ( кои задолжително го оставаат).

Се нудат и други позииции а подетално може да се информирате на следниот ЛИНК 
За да се пријавите за работа велат потребно е следното
  1. Поднесување на апликација ( CV ) на англиски јазик со 2 фотографии.
  2. Задолжително присуство на презентациите кои се органзираат секој вторник во 11 часот во Коузон тренинг центар – Скопје.
  3. Уплата од 500 денари за апликација – само за оние кои ќе поднесат CV.
  4. Задолжително прелиминарно интервју со претставник од Коузон Вработување – по презентацијата или во термин што одговара за апликантот.
  5. Подготвување на документи за главно интервју со претставник од бродската компанија.
    –  Препораки од претходен работодавец.
    –  Потврди за неосудуваност.
    – Диплома за завршено образование ( минимум средно ).
    – Други документи од лична природа со кои се докажуваат квалификации како што се: сертификати за завршени обуки или курсеви и сл.
ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА РАБОТА НА БРОД се извршувале секој вторник во 11.00 часот во салата за презентации на Коузон  на Бул. Св. Климент Охридски бр. 58  на која даваат информации за сите можни работни позиции и услови за вработувања, плати и бенефити од работата на бродските компании .

Присуството на презентацијата не било условено со аплицирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1