Сакате на аудиција во новата сезона на Икс-Фактор? Еве како да се пријавите


Во новата сезона и со нова продукциска екипа, наjпопуларното шоу на планетата „X Factor“ наскоро ќе започне со аудиции.

Новина во оваа сезона е дека шоуто навистина станува регионално со оглед на тоа што ќе се емитува во пет земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од оваа сезона и во Хрватска.iks-faktor

Проектот ќе биде реализиран во соработка со продуцентската куќа “ЦЛМ”, која ја има лиценцата за овој ТВ формат, а во Македонија Сител ТВ ќе биде дел од продукцијата.

Подготовките за аудициите се во полн ек, а скоро 19 милион луѓе од регионот ги очекува една фантастична и возбудлива музичка авантура, во кожа најголемите таленти ќе се борат за престижни награди и квалитетен почеток на кариерата.

Сите пејачки таленти од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе имаат шанса наскоро да се прижават и да ја пробаат својата шанса на аудициите кои ќе се одржат во многу градови ширум регионот.

Со оглед на регионалниот карактер, шоуто ќе донесе и многу изненадувања. Тоа што е сигурно е дека напролет не очекува одлична забава за која ќе се погрижат не само врвните изведувачи, туку и многу интересно жири составено од извонредни музичари и секако водителите на шоуто.

Сите кои сакаат  можат да се прижават преку испраќање на СМС порака со текст: X2 (празно место) ваше име и презиме на бројот 14722, цената на една порака е 5,9 денари со вклучен ДДВ.

Можете да се пријавите и преку Facebook страницата:https://www.facebook.com/XFactorAdria

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1