Сакав да ја убијам Јелена, па и себе, но ете себе си не си пресудив


Полицаецот Дејан Стојковиќ (36) кој во Пожаревац ја уби својата поранешна девојка Јелена Шиндиќ (29) пред очите на нејзиното ново момче, наводно како што пишува „ Информер“ им признал на своите колеги дека го планирал ова злосторство.fewpokjfopwkaopgowepghp_1-43593

-Сакав да ја убијам Јелена, не и нејзиното момче… Не ми е важно за него. Подготвив куршуми за мене и за неа, но ете… не си пресудив, наводно ова го кажал Дејан кога се предал на полицијата.

Како што пишуваат српските медиуми, тој полудел од љубомора кога слушнал дека Јелена забременила од своето ново момче и решил да и се освети, меѓутоа обдукцијата на телото на Јелена покажала дека не била бремена.

Во Јелена се испукани два куршуми, еден во срце и еден во стомак.

– Дејан неколку пати и се заканувал на Јелена, но ни на крај памет не ни помисливме дека ќе дојде до овде, рекол Бранко момчето на Јелена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1