„Сакав да се убијам кога дознав дека сопругот ме изневерува“


Поранешната Плејбој зајачица Кендра Вилкинсон во своето реално шоу „Kendra On Top“ откри дека размислувала за самоубиство кога дознала за наводното неверство на нејзиниот сопруг Хенк Баскет.

Кендра неодамна откри детали поврзани со сексот во вилата на Плејбој и дека морала да биде под дејство на алкохол и дрога за да преживее ноќ со Хју Хефнер.

hitportal-kendra2

Нејзината драма продолжила кога дознала дека сопругот, Ханк Баскет ја изневерил со транссексуален модел.

Кендра сега признала дека ако не била нејзината ќерка Алаја, би си го одземала животот.

„Многу ми беше лошо. Дури во прашање си го доведов сопствениот живот. Ако дотогаш ја немав поврзаноста со ќерка ми која ја доев, сигурно ќе си го одземев животот. Почувствував дека не треба да бидам овде“, рекла Кендра во најновата епизода на нејзиното реално шоу.

hitprotal-kendra-so-soprugot

 

Таа своето второ дете го роди во мај оваа година, а после еден месец дозна дека сопругот ја изневерил со транссексуалниот модел Ава Лондон, уште додека била бремена.

Работите се влошија и кога во јавноста се појави и снимка во која се слуша разговор меѓу Ханк и Ава за тоа што таа зборувала во медиумите.

Сепак, после се, Кендра и Ханк останаа заедно, а таа изјави дека ќе бидат заедно засекогаш, затоа што одлучила да му прости.

<

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1