Салатата поопасна од хамбургер?


Одредени видови на бактерии пронајдени во сецкана салата во кеси може да биде речиси невозможно да се убијат освен ако листовите не се озрачени, тврди професорот Хју Пенингтон.mТој тврди, следејќи ја истрагата на Агенцијата за здравствена заштита поврзана за сецканата смрзната салата и криптоспорадичните инфекции кои имаале негативен ефект кај околу 300 луѓе во Англија и Шкотска.

Packaged_salad_2517757bВо анализата на изложеноста на различни салати и зеленчук значајна поврзаност има помеѓу инфекцијата и потрошувачката на сецкан спанаќ.
Откако ваквите резултати биле откриени во Англија и Шкотска, професорот Пенингтон изјавил дека рече дека случајот го следеле интензивно и биле многу загрижени затоа што американците многу често конзумираат храна за неколку чекори “измиј и е подготвено за јадење”.

Иако побарувачката за салата, благодарејќи на кампањите за здрава исхрана напредува со брзо темпо, сепак салата се смета за еден од производите кои се поврзани со добивање на голем број бактерии поради тоа што зеленчукот се одгледуваат во почва која во зависност од нејзиниот квалитет бактериите кои се патогени и кои се префрлуваат во салатите може да се уништат само со огромна топлина или јаки детергенти, а не само вода.

hamburgerТокму поради тоа професорот Пенингтон тврди дека поради тоа генерално побезбедно е да се јадат само хамбургери отколку салата која оди со него.

Според неговите истражувања една фарма во северна Германија била идентификувана како наголем и најверојатен извор на голем број на инфекции од Ешерихија коли од која во 2011 година починаа 22 лица.
Фармата која се наоѓа јужно од Хамбург, беше епицентарот на епидемијата и заболеа над 2.000 луѓе.
Според истражувачите на здравите состојки во зеленчукот, доколку почвата и ѓубривото кое се користи е загадено, најдобра опција за делумно здрав зеленчук е тој да се врие долго, долго време.

Но, за среќа голем дел од нашиот зеленчук се одгледува во релативно солидна почва па затоа може да уживаме во убав и здрав зеленчук на кој може да ни позавидат речиси сите земји во светот.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1