Салмонела отпорна на сите лекови се шири низ Европа


Многу отпорен тип на салмонела, позната како Салмонела Кентаки отпорна на сите лекови, се шири низ Европа. Само во Британија, со оваа бактерија се заразени 200 луѓе во последниве години.

jajcaНаучниците стравуваат дека поради својата издржливост и отпорност на лекови, овој опасен вид на салмонела може да се прошири низ целиот свет и да биде смртоносен за најслабите.Светската здравствена организација предупредува дека во текот на последните децении, бројот на луѓе заразени со оваа бактерија, се зголемил за три пати и веројатно постојат уште многу случаи кои не се пријавени.

постојат уште 2500 видови на салмонела, кои можат да се најдат во почвата и цревата на животните. Салмонелата најчесто се пренесува преку заразено пилешко месо и јајца, но извор на зараза може да бидат и овошјето и зеленчукот. Симптомите вклучуваат повраќање, пролив, главоболка и висока температура, а може да биде смртоносна за старите лица и децата болни од тешки болести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1