Сами го канеле по школи да се дружи со деца – а бил осудуван педофил


Еротскиот фотограф и љубител на „Војна на ѕвездите“ посетувал училишта и центри за деца, а никој не знаел за неговите скриени намери.

Обожавателот на „Војна на ѕвездите“ се облекувал како „Stormtrooper“ за да посетува училишта и разни настани за деца, иако подоцна било откриено дека станува збор за осудуван педофил, пишува „Daily Mail”.01-simon-78-0-image-a-4_1454354829030

43 – годишниот Сајмон Тејнтон посетувал детски собири, училишта и центри за деца како дел од 51 легија – група која ја сочинуваат седум илјади обожаватели на серијалот „Војна на ѕвездите“, кои се облекуваат како нивните омилени ликови и посетуваат различни детски настани ширум Велика Британија.

Но, овие денови во јавноста протекла информацијадека Тејнтон во 2006 година поминал една година во затвор, откако на неговиот компјутер биле пронајдени 15 илјади порнографски материјали со педофилска содржина, вклучувајќи и снимки од злоставувани бебиња.

И покрај пресудата, Тејнтон продолжил да работи во добротворни организации за деца.

Членовите од 51 легија одлучиле да го исфрлат од групата, а нивниот лидер – актерот Гери Хејлис, изјавил дека немаат друга опција освен да го исфрлат во истиот момент и додал дека тие не знаеле ништо за неговото минато кога им се приклучил во групата, пишува „Daily Mail”.

Тејнтон освен ова е и еротски фотограф кој фотографира голи жени на кревети, а потоа ги продавал фотографиите за 50 фунти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1